Обука за интерни проверувачи за стандардот ISO 22000:2018

Новата верзија на стандардот од 2018 година е излезе на 19 април 2018 година, со што стариот стандард ISO 22000:2005 излегува од употреба. Организациите кои се сертифицирани по ISO 22000:2005 треба, како што е дефинирано во IAF да направат транзиција кон новиот стандард ISO 22000:2018 во период од три години, заклучно со 29 април 2021 година. Наша препорака е подготовката за транзиција да започне веднаш.
Целта на новиот стандард е хармонизирање на барањата за управување со безбедност на храната на глобално ниво. Новиот стандард допринесува за осигурување на безбедноста на храната преку целиот ланец на снабдување од нива до трпеза. Стандардот не ги специфицира специфичните критериуми за ефикасноста на безбедноста на храната, ниту пак го специфицира дизајнот на систем за управување. 

Клучни промени во ISO 22000:2018?
ISO 22000:2018 ја применува ISO High Level Structrure (HLS), структура која е заедничка за сите ISO стандарди. Со обзир на фактот дека структурата е прилагодена, од сега ќе биде значително поедноставно да се направи интеграција со другите стандарди, како што се ISO 9001, ISO 14001 и сл.
Корисниците кои се веќе запознаети со ISO 22000:2005 ќе увидат дека и понатаму во голема мера се присутни барањата на ISO 22000:2005. Но, во новата верзија се вклучени некои нови и ревидирани барања. Некои од промените се однесуваат на HLS структурата, но постојат и нови поединечни барања поврзани со управувањето со безбедноста на храната.

1) Промени поврзани со примена на HLS структурата:
  • Контекст на организацијата и заинтересирани страни: точка 4.1 - внатрешни и надворешни прашања, представува ново барање за систематско одредување и следење на деловниот контекст, точка 4.2 - поврзано со потребите и очекувањата на заинтересираните страни претставува барање за идентификација и разбирање и очекувањата на факторите кои може да влијаат на системот за управување и постигнување на посакуваните резултати.
  • Зголемен акцент на лидерство и заложби за управување: точка 5 - сега ги вклучува новите барања за активно учество и одговорност на раководството за ефикасност на системот за управување.
  • Управување со ризици: точка 6.1 - бара организацијата да ги одреди, разгледа и кога е потребно да превземе активности за делување врз ризиците кои може да имаат влијание (позитивно или негативно) на системот за управување и на можноста за постигнување на посакуваните резултати.
  • Зголемен фокус кон целите како двигатели за подобрување: тие промени се опишани во точка 6.2 и точка 9.1.
  • Проширени барања поврзани со комуникацијата: промена во точка 7.4 - сега детално ги опишува барањата поврзани со комуникацијата, вклучувајќи и одредување што, како и каде ќе се комуницира.
  • Помалку побарувачки пристап поврзан со прирачникот за безбедност на храна: промена во точка 7.5. Сеуште постои барање за документираните информации. Документираните информации мора да бидат контролирани со цел обезбедување соодветна заштита (7.5.3).  Експлицитно барање за документираните информации повеќе не постои.
2) Останати промени специфични за ISO 22000 и управувањето со безбедноста на храната:
  • PDCA циклус: стандардот го објаснува PDCA циклусот, преку два одвоени циклуси кои делуваат заедно: едниот го покрива системот за управување, а другиот HACCP принципите.
  • Опсегот сега вклучува специфична храна за животни.
  • Комуницирање за политиката за безбедност на храна: - точка 5.2.2: Експлицитно бара управувањето активно да го промовира разбирањето на политиката за безбедност на храна од страна на персоналот.
  • Цели на системот за управување со безбедност на храна: детално е наведено во точка 6.2.1 и вклучува, на пример, ,,следење'' и ,,верификација''.
  • Контрола на процесот, производот и услугата обезбедени од страна на надворешни добавувачи: - точка 7.1.6: ова барање ја вклучува потребата од контрола на добавувачите на производи, процеси и услуги при што важно е да се осигура соодветна комуникација за релевантните барања.
Покрај наведеното, постојат и одредени промени поврзани со HACCP.

Започнување со процесот на транзиција
Наша препорака е процесот на транзиција да започне што е можно поскоро, со изработка на план кој ги вклучува новите барања на стандардот во веќе постоечкиот систем на управување.

Препорачливи чекори во процесот на транзиција
  • Запознајте се со содржината и барањата на стандардот ISO 22000:2018. Доколку моментално го користите ISO 22000:2005 би требало да се запознаете со промените на новото издание.
  • Осигурајте се дека одговорните личности во вашата организација имаат поминато обука и ги разбираат барањата и промените.
  • Идентификувајте ја разликата помеѓу Вашиот постоечки систем и новите барања, односно изработете план за прилагодување. Применете ги планираните активности.
  • Оценете ја делотворноста на системот преку интерна проверка.
  • Ние можеме да ве поддржиме во сите фази на миграција.
Како можеме да Ве поддржиме?
  • Обуки преку кои ќе се запознаете со стандардот и неговите барања преку примери и практични вежби. Преку обуките за транзиција, се осознаваат промените кои се случиле во стандардот и начинот на кој треба да им се пристапи. Постои можност за присуствување на отворени обуки или пак обуки кои се организирани во организацијата, кои се прилагодени на потребите на Вашата организација и Вашите вработени.
  • GAP анализа е анализа преку којашто аудиторите вршат проценка и идентификација на разликите помеѓу Вашиот систем на управување и новите барања на стандардот. Резултатот е прикажан преку извештај кој служи како подлога за планирање на следните активности за прилагодување.
  • Транзициски аудит кој се прави откако системот е веќе прилагоден и спремен за премин кон новиот стандард.